Изнудил пари и злато уценувајќи тинеџерка со компромитирачки фотографии

од desk2
101 прегледи

Во среда, околу 13 часот Х.З.(47) од село Горно Палчиште пријавил дека неговата 19-годишна ќерка била уценувана од М.А. (19) од Порој, со кого била во љубовна врска.

Поради тоа што врската не ја одобрувале родителите, извесно време таа била прекината, па потоа продолжена. М.А. повеќе пати ја уценувал девојката дека ќе објави нивни заеднички компромитирачки фотографии доколку не биде со него. Тој барал и добил пари и златен накит.

Минатата година значителен дел вратил, но продолжил да ја вознемирува и уценува. Вп вторникот таа им кажала на родителите, по што испила поголема количина разновидни таблети и во безсознание била префрлена на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

М.А. бил повикан во поициска станица и со него бил извршен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.