Прилепски Водовод ќе тужи и ќе исклучува неплаќачи

од desk2
117 прегледи

Прилепското ЈКП ,,Водовод и канализација,, во претходниот период претрпело штети од 5,8 милиони денари заради ненаплатени застарени побарувања од физички лица.

Ова дошло, како што беше речено на денешната прес конференција заради непокренувањето на тужби против должниците од претходното раководство. При тоа беше најавено дека ќе се поднесуваат тужби против должниците и ќе се исклучува водата.

В.д. директорот Емил Јанески посочи дека заради тоа што ЈКП „ВИК“ не покренало тужби била предизвикана штета од приближно 100 милиони евра, кои според него можеле да се инвестираат.

– Овие побарувања не се тужени и е пропуштен законскиот рок за нивна судска наплата. Вкупните побарувања од физички лица до 14.11 2017 година изнесуваат 13,2 милиони денари. Веднаш по моето стапување на должност склучени се околу 300 договори за итна наплата на стари побарувања, а се покренати и 700 тужби против граѓани должници. Во редот на неплаќачите најголем дел се семејства од социјален ризик, од ромската населба Тризла, како и материјално ситуирани граѓани кои покажале граѓанска несовесност – рече на прес конференцијата Емил Јанески.

Неплатени обврдски имаат и правни субјекти, меѓу кои и затворот со долг од 1,9 милиони денари, загубарот Еурокомпозит, како и општина Прилеп со претходната власт.

Јанески најавува дека ЈКП „ВИК“ во иднина нема да толерира долг и ќе презема мерки за регуларна наплата на побаувањата во законски рок, при тоа напомнувајќи дека состојбата со водоснабдувањето е добра и дека прилепчани пијат бактериолошки и хемиски исправна вода.