Прв пат: ЕУ прати предупредувања, постапка против пет членки

од desk2
65 прегледи

Европската унија покрена законски постапки против пет држави членки.

Постапката е покрената поради загриженоста за нивното постапување со договорите за одбрана и условите кои можеби се наметнуваат на снабдувачите со воена опрема.

Европската комисија соопшти денеска дека пратила формални предупредувања во кои бара објаснување од Данска, Италија, Холандија, Полска и од Португалија, јави АП.

Комисијата, како што се наведува е загрижена поради некои договори за одбрана кои Италија, Полска и Португалија ги доделувале, а кои, изгледа не се во согласнсот со барањата на тендерот.

Исто така, сака да знае какви се условите кои Данска и Холандија можеби им ги наметнуваат на снабдувачите о воена опрема од странство.

Агенцијата наведува дека ова е прв пат Комисијата да покрене ваква постапка во областа на одбраната.