Законот за двојазичност е спротивен на Уставот на Република Македонија. Законот за двојазичност ја разбива кохезивноста во македонското општество и ја уназадува употребата на македонскиот јазик како врзивно ткиво за сите етнички заедници кои живеат во земјава, сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска ќе ви образложиме дел од членовите кои се во директна спротивност со уставните одредби. На сите овие членови пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе приложи амандмани за нивна корекција.
Имено според член 8 од Законот – Книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.
Според овој член исто така униформите на полицијата, пожарникарството, здравството, во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо“, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ..