Жените пред секс никако не треба да уринираат, затоа што на тој начин го зголемуваат ризикот од настанување болни уринарни инфекции, тврдат уролозите.

Идејата пред и по сексуален однос да се мокри е толку зачестена што стана глобален мит во кој сите веруваат, пишува Daily Mail.
Сепак, еден дел од митот е точен – односно оној по кој жените обавензо треба да уринираат по секс, затоа што на тој начин ги испираат бактериите со кои дошле во контакт, а се честа причина за инфекција на мочните патишта.
Сепак, од друга страна, уринирањето пред сексот е најголем причинител на инфекции, кои настануваат за време или по сексот. Сексот како причина за проблемот и претерување со секс може да биде опасно по женското здравје, тврдат научниците.