Кејптаун на 12 април останува без вода, ќе страдаат 4 милиони луѓе

од desk2
65 прегледи

За граѓаните на Кејптаун, „нултиот ден“ наскоро ќе дојде, затоа што ќе останат буквално без вода, наведува CNN.

Градските власти објавија дека славините ќе останат суви на 12 април, а тој ден е означен како „нулти ден“.

Овој голем повеќенационален град ја искуси најглемата суша. На неа влијаеа климатските промени, но и константно растечката популација, која брои речиси четири милиони.

Сликите кои доаѓаат од таму покажуваат редици луѓе кои чекаат да наполнат канистери со вода донесена со цистерни.

На сите пунктови редовите се без крај, полно автомобили и сето тоа кога има уште малку вода.

Властите издадоа упатства како граѓаните да се однесуваат за штедењето на потрошувачката на вода да се доведе до максимум.

Некои од тие мерки се на пример, да не смеат да се тушираат повеќе од милута и пол. Се советуваат и да ја чуваат водата од туширањето за испирање на тоалетите. Никој не смее да троши повеќе од 50 литри дневно.

Сепак, и покрај сите мерки градоначалничката вели дека потрошувачката воопшто не се намалила.

„Потполно е неверојатно дека повеќето граѓани не се грижат што одиме кон „нултиот ден“. Повеќе не можеме да бараме да штедат, туку мора да ги присилиме на тоа“, вели Патриција Де Лиле.

Поради рапидното намалување на водата, „нултиот ден“ е поместен порано за 12 април, кога Кејптаун ќе остане потполно без вода.