Новата зграда на Кривичен суд ќе биде отворена на 31 март

од desk2
123 прегледи

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев очекува новата зграда на судот да биде отворена на 31 март- Денот на правосудството.

На денешната средба со новинарите, Џолев рече дека се чека да завршат процедурите во Катастарот и да се добие употребната дозвола.

Новиот објект на Кривичниот суд ќе има 25 судници и многу подобри услови за работа. Во меѓувреме се чека да завршат процедурите во Катасатарот и да се добие употребна дозвола, истакна Џолев.