Зврлевски разрешен од Комисијата за помилување

од desk2
64 прегледи

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го разреши поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски од Комисијата за помилување, потврдија за МИА од Кабинетот на Иванов.

На негово место е назначен обвинителот Воислав Гавровски.

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во Службен весник на РМ.