Гинекологија работи на поправање на пропустот со издавање на погрешно бебе на погрешна мајка

од desk4
139 прегледи

Поради пропуст во процедурата за испис на новороденче, малку недостасувало мајка да си замине од клиниката за гинекологија со туѓо бебе. Од Клиниката објаснуваат дека мајката и сестрата дале грешни податоци. Мајката зела туѓо бебе и кога стигнала до автомобилот ја увидела грешката, информира ТВ24.

„Побарано е бројчето на мајката, таа интерпретирала различен број што таа го има на раката и тогаш е направен увид дека станува збор за различни бројчиња. Со оглед на тоа што компатибилноста на бројчето и документите на бебето кое што во моментот било подготвувано е идентичен нема понатаму причина зошто да се направи грешка многу поголема од онаа која што можела да биде“, вели Драгана Букилица – Клиника за гинекологија и акушерство.

Од Клиниката велат дека за вакви случаи постои точно утврдена процедура по која ќе постапат.

„Кога се пријавуваат вакви несакани случувања има точно утврдена процедура. Формуларот е пополнет и ќе се состане комисијата која што одлучува по тие прашања и ќе се постапи како што треба“, – вели Драгана Букилица – Клиника за гинекологија и акушерство.

Веднаш по увидот на податоците, грешката била коригирана со што бил спречен несреќниот случај. Од клиниката апелираат поради тоа придружбата на мајките при исписот на новорденчињата да не биде поголема од двајца, бидејќи се создавало голем метеж поради што настанувале вакви пропусти.