Граѓаните, експертите и сите општествени чинители многу пати предупредија дека законот за двојазичност кој СДСМ сака насила да го протурка е неуставен и штетен за државата. Апелираме до СДСМ да го повлече овој неуставен закон, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е за унапредување на правата на заедниците. Но тоа мора да биде исклучиво во согласност со Уставот и законите на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ бара и инсистира во Законот за употреба на јазици да се прошири употребата на помалите етнички заедници во Република Македонија, односно Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите и останатите“, изјави Ѓорѓиевски.