Заев во среда ќе одговара на пратенички прашања

од desk2
80 прегледи

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во среда ќе одговара на пратенички прашања во Собранието. Седницата за поставувањето на пратенички прашања по правило се одржува на крајот на секој месец.

Последниот пат Заев одговараше на пратенички прашања во полупразно Собрание, затоа што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваа да учествуваат во работата на парламентот.