Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27-ми април, се терористи колку што се терористи македонските иселеници кои вчера протестираа низ Европа и светот, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ
Ниедна демократска земја не се дрзна да ги обвини за тероризам само заради протест во кој гласно го изразуваат своето несогласување со разнебитувањето на Македонија. Притворените не се терористи туку патриоти чиј единствен грев е што ја сакаат Република Македонија.
Република Македонија е узурпирана држава каде е укинато владеење на правото.
Судот има обврска да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократијата. Токму затоа треба итно и неодложно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски и останатите чија единствена вина е љубовта кон државата, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.