Почина основачот на ИКЕА, Ингвар Кампрад

од desk2
81 прегледи

Шведскиот основач на еден од најголемите производители на мебел ИКЕА, Ингвар Кампрад, почина во 91 година од животот, соопштија од компанијата.

Кампрад починал во неговата куќа во Смаланд, стои во соопштението.

Од ИКЕА велат дека Кампрад бил еден од најголемите претприемачи на 20 век.

Да потсетиме дека Кампрад порано во својот живот се соочуваше со бројни обвиненија поради врските со нацистите кои тој ги нарече најголема грешка во својот живот.

Кампрад ја основа ИКЕА во 1943 година. Прво продаваше реплики на кујнската маса на својот вујко, а денес продава мебел секаде во светот. Неговата компанија стана една од најголемите во светот со повеќе од 190 илјади вработени во 49 земји.