Македонија тешко ги користи европските пари за туризам

од desk2
67 прегледи

Македонија со потешкотии ги користи европските пари наменети за поддршка и развој на туризмот, сметаат експертите. Засега нема точни податоци колку средства во изминатите години се искористени, а според професорот на Факултетот за туризам во Охрид, Науме Мариноски, регионот околу Охридското езеро во наредниот период треба поинтензивно да се развива.

„Македонија е една од земјите која многу тешко ги користеше фондовите од Ипа, Ипард. Јас се надевам дека во наредниот период ќе се упрости процедудата за добивање на грантови кои широко се отвораат. Ние мораме принципиелно да ги утврдиме носителите на туристичката политика и носителите на туристичката економија“, рече Науме Мариноски- професор на факултет за туризам.

Преку проект за регионална и локална конкурентност во кои влегуваат проекти и од областа на туризмот, на располагање се 24 милиони евра.

„Наменет е за сите чинители од областа на туризмот кои директно ќе влијаат на подобрување и унапредување на капацитетите. Тоа значи инвестирање во делот на инфраструктурата со цел подобрување на пристап до атракции, генерална инфраструктура за подобрување на општиот впечаток на туристот, вложување во нови и подобрени производи или услуги, воведување на иновативни производи и проширување на моменталната услуга“, изјави Марија Блаж- специјалист за развој на туризам.

Блаж вели дека веќе се олеснети начините за аплицирање. Од првиот повик веќе произлегле 147 проекти./Alsat M