Скопје повтoрно со виско ниво на загаденост

од desk4
109 прегледи

Ниво на ПМ 10 честичките во воздухот над просечното –  во последниве неколку дена скопјани повторно се гушат во загаден воздух.

Мерните станици во Скопје деновиве покажуваат високи концентрации на  канцерогените честички. Аерозагадувањето непрекинато ја надминува дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен, но мерки во изминативе неколку дена нема.

За в недела на 1 февруари  еколошката организација –  Go green    повикува на протестен марш против загадениот воздух во Скопје. Протестот е насловен како „кој е крив што градот ни е сив“.

Маршот според најавите ќе започне од паркот на новинарите кај поранешна Нова македонија, а ќе заврши пред министерството за животна средина. Организаторите ги повикуваат сите граѓани кои ќе дојдат да носат облека во темни бои, како и маски, за симболично да го изразат револтот од постојаното енормно загадување во главниот град.

Загадувањето на воздухот беше посочен како еден од главните проблеми ширум светот и на  светскиот економски форум во Давос.