Американските трупи нема да се повлечат од Манбиџ, стратешки важен град на северот на Сирија, вели командантот на вооружените сили на САД Џозеф Вотел.

CNN наведува дека тоа значи американските сили да ризикуваат да бидат вмешани во воена офанзива од Турција на северот на Сирија, доколку Анкара си стои на ставот дека ќе продолжи да напредува во тоа подрачје.
Генералот Вотел наводно рекол дека не се разгледува повлекување на силите на САД.
CNN наведува дека Манбиџ е главно жариште на северот на Сирија, североисточно од Алепо и на 40 километри јужно од Џарабулус, кој се наоѓа на сириско-турската граница.
Потсетува дека Турција пред енда недела покрена погранична копнена операција во Сирија во обид од тоа подрачје да ги избрка курдските сили кои имаат поддршка од САД, како и дека овој турски воен упад влијаел на порастот на тензиите меѓу Анкара и вашингтон, кој отворено ги вооружува курдските сили во борбата против Исламската држава.