Димовски обвини дека ќе се бира потпретседател за да има кој да го замнува Џафери на седниците за законот за јазици

од desk2
103 прегледи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара и доби пауза во Собрание, затоа што доцна добиле податоци за ставање точка на дневен ред за избор на потпретседател на Собранието, да има време да ги разгледаат материјалите.

Димовски рече дека владејачкото мнозинство ова го прави за да има кој да го заменува претседателот на Собранието Талат Џафери, доколку дебатата за законот за употреба на јазиците биде долга и трае до доцна во ноќта.

Џафери, пред да ја даде паузата, појасни дека е подготвен да присуствува на сите седници, колку и да трае дебатата, а тоа го докажал и во минативе девет месеци, кога секогаш овозможувал дебата што пратениците ја побарале.