
Секој прави грешки, дури и познати личности. За грешките, ѕвездите исто така трпат последици, но на еден или друг начин. Некои грешки сепак, се многу сериозни и за нив се плаќа висока цена. На пример, како убиството. Види познати личности кои зеле човечки живот:
Лора Буш
Кога била во средно училиште, сопругата на Џорџ Буш помчладиот не застанала на знак стоп и автомобилот се судрил со друго возило. Возачт бил соученик на Лаура. Тој загинал на самото место.
Метју Бродерик
Актерот бил на одмор во Ирска, кога предизвикал катастрофа, а две лица загинале.
Ребека Џејхарт
Актерката Ребека Џејхарт е популарна со нејзините улоги во серија. Пред некое време таа со својот автомобил згазила 9-годишно момче. Не е јасно дали била под влијание на алкохолот и дрога што таа ги злоупотребувала.
Снупи Дог
Раперот беше обвинет за соучество во убиство, кое датира од 1993 година. Според обвинителите, тој и неговиот телохранител убиле гангстер од ривалска група. По неколкугодишна судска битка, Снуп Дог беше ослободен.
О Џеј Симпсон
Популарниот американски фудбалер и актер беше обвинет за ладнокрвно убиство на неговата сопруга и нејзиниот љубовник. Тој беше ослободен во 1995 година, по долго судење, познато како “дело на векот”. За криминалното дело се појавија 120 сведоци, 45.000 страници докази и 1100 индиции, но О Џеј беше ослободен, бидејќи недостигаше ладното оружје. Сепак, многу луѓе се убедени дека тој навистина го сторил кривичното дело.