Нејмар сака уште 30.000.000 евра од Барса

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар поднесе тужба против својот поранешен клуб Барселона во вредност од скоро 30 милиони евра. Според шпанските медиуми станува збор за неисполнет, според бразилецот, втор дел од договорот за потпишувањето на преддоговор со клубот.

Продолжувањето на договорот стана пред неговиот бомбастичен трансфер во Париз, но каталонците уште не ги исполниле своите обврски, поради што тој ќе си ги бара своите права во судот. Барањата на јужноамериканецот се за 26 милиони евра, плус уште 10%.

Од Барса сепак сметаат дека Нејмар им должи пари, добиени од нив при продолжувањето на договорот. На крајот играчот го „измамува“ клубот, месеци откако тој и претседателот Бартомеу се ракуваа за договор до 2021 година.

Каталонскиот клуб инсистира дека треба да добие вкупно 75 милиони евра од Бразилецот. Сумата е како резултат на платените плати, бонуси и бараат надомест.

Слични содржини