Сопственикот на Мерцедес, компанијата Дајмлер, продадеи рекорден број возила во 2017 година, а еден дел од профитот е уплатен на сметките на вработените.

Годината зад нас беше бериќетна за Дајмлер со оглед на тоа дека компанијата од своите брендови ширум светот испорача 3,3 милиони возила, или 9 отсто повеќе од 2016 година.
Ваквиот резултат се одрази и на годишните бонуси кои фирмата им ги исплаќа на вработените, а кои во однос на претходната година се зголемени за 300 евра и изнесуваат 5.700 евра.
Од 3,3 милиони испорачани возила, автомобилите Mercedes-Benz (заедно со Maybach и Smart) продаде 2.373.500 единици(+9.9%), AMG одделението 131.970 примероци (+33%), додека Mercedes-Benz ван испорача 401.000 (+12%), а Daimler автобуси 28.700 (+9%).