
Една од најхаризматичните актерки на Холивуд страдала во детството. Американската актерка и поранешен модел Џулија Робертс во моментов е меѓу најубавите и најдобро платени актерки во Холивуд.
Таа ја освои “светската слава” заедно со Ричард Гир во филмот “Убава жена”, а таа е и добитничката на најпрестижната награда – Оскар. Робертс е родена на 28 октомври 1967 година во Смирна, Џорџија. Нејзиното полно име е Џулија Фиона Робертс. Кога имала само 4 годинка, бракот на нејзините родители Волтер и Бети бил завршен, по што нејзината мајка се омажила за Мајкл Мос.

Карактерот на Мајкл бил непредвидлив и тој често бил жесток и ја навредувал Џулија, па нејзиното детство не било лесно.
Бесот на гнев и агресивно однесување ги изложиле на ризик по животот не само Џулија, но и нејзиниот брат и сестра.
Во 1977 година таткото Валтер починал од рак, а актерката многу тагувала поради неговата смрт. Во прилог на оваа семејна слика, таа покрај нејзиниот брат Ерик и помалата сестра Лиса, Џулија имала и полусестра – Ненси, која се самоубива во 2014 година.
Неколку месеци подоцна, нејзината мајка починала по сериозна и тешка борба со ракот. Уште во гимназијата Робертс почнала да се интересира за актерството и љубовта кон оваа професија ја тера да го напушти колеџот и да отиде во Њујорк, каде што почнала да посетува часови по глума.