Бочварски: Ги разрешивме членовите на УО на ЈП Исар затоа што сами си ги покачиле паушалите

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Градоначалникот на општина Штип преку својот Фејсбук профил реагираше на прашањата од ВМРО-ДПМНЕ, зошто Советот на Општина Штип вчера ги разрешил членовите на УО на ЈП Исар.

„Еве ќе ви кажам. Затоа што сами си ги покачиле паушалите од 5 илјади на 9 илјади денари без одлука на Совет. Затоа се нервозни. Заврши времето на самоволието на Дпмне“, пишува Бочварски.