Роналдо е подготвен за Леванте

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, е подготвен за гостувањето кај Леванте во средба од 22. рунда од Ла Лига.

Португалскиот репрезентативец има проблем со мускулот на ногата и не тренирал целосно во текот на неделата. Повредата е веќе минато и Зинедин Зидан ќе се обложи на својот стрелец од првата минута, вели „Марка“.

Аут сепак е капитенот Серхио Рамос, а со повреди се уште Лука Зидан, Рафаел Варан, Дани Себаљос и Иско, но некои од нив можат да бидат подготвени за гостувањето во Валенсија.

Реал ќе брка задолжителна победа против Леванте, бидејќи заостанува на 19 поени од Барселона и 8 од вториот Атлетико Мадрид.

Слични содржини