(ВИДЕО) Шекеринска: На маса се уште нема предлог од Нимиц

од desk2
82 прегледи

На маса нема предлог и медијаторот Метју Нимиц со право е внимателен и сака повеќе да разговара за да, ако стави нешто на маса, има барем теоретски шанси да биде прифатено. Но, има идеи на маса. Тоа се идеите кои ни ги претстави во Њујорк, тоа се идеите за кои дискутиравме на состанокот со претседателот, со опозицијата, со ДУИ. Тоа се идеи за кои дискутиравме со него и ги кажавме своите мислења, тврди вицепремиерката и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Таа на оваа тема синоќа зборуваше во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. За идеите на Нимиц за името рече дека македонската страна има некои работи каде има поинаков пристап, нови идеи, размислувања.

На новинарско прашања, ако утре треба да се состави прашање за референдум што ќе пишува на референдумското ливче, Шекеринска вели дека е рано да се каже.

– Во изминатиов период сме внимателни со изворите, на грчка страна има повеќе извори, лесно цртање на црвени линии. Тие имаат помалку да изгубат во моментот и некој тоа го користи. Многу сме внимателни и затоа сакаме чекорите да ги правиме еден по еден. За да се размислува за референдум треба да имаме решение. Дури во таа фаза можеме да зборуваме за типот, за времето, за процедурата и следот на чекори, што ќе прави Македонија што ќе прави Грција. Целиот овој процес нема да биде тежок само до постигнувањето на договор, имплементацијата ќе биде многу тешка – рече министерката.

Покрај за процесот на преговори, таа во интервјуто зборуваше и за други теми, меѓу кои и за Законот за употреба на јазиците, како и за употребата на албански симболи на парите. На новинарско прашање дали е точно дека всушност од СДСМ потекнува предлогот за албански симболи на парите, таа одговори потврдно.

– Да. Нашите и досегашни книжни пари се мултиетнички и сега во моментов, меѓутоа сметавме дека е добро тоа да стои во законот како политичка заложба, како законска обврска. Инаку и сега се цитира, мислам дека е поглед низ традиционален албански прозорец. Нашите пари се помалку со личности, повеќе се делови од нашето национално богатство и сите етнички заедници во Македонија имаат со што да се пофалат. Македонија може, сега првпат имаме шанса да покажеме дека нашата шареноликост, етничка, религиозна.., во секоја смисла може да биде сила за Македонија – одговори Шекеринска.

Шпекулациите дека таа би можела да биде претседателскиот кандидат на СДСМ на претседателските избори наредната година, исто така беа тема на разгвор во нејзиното телевизиско гостување.

– Не верувам во предодредени кадровски одлуки во кои двајца ќе седнат и едниот ќе каже: „Јас сакам ова“. Никогаш тоа не сум го прифаќала, никогаш не сум го ни правела. Од сега до следната пролет има многу месеци, многу одлуки, има многу предизвици – изјави Шекеринска за тоа дали би ја добила поддршката од премиерот Зоран Заев за еден таков чекор.

Министерката не даде конкретен одговор ниту дали размислува за тоа.

– До овој момент единственото што слушам се обиди и претседателските избори да се искористат за да се направи мала нервоза во СДСМ. Кога ќе создадете 10 кандидати, ќе се трудите едните да ги свртите против други. Тој тип на политикански и стари игри многу не чинеле како партија. После сè ова, да паднеме на стапица на кариеризам, кадрирање, апсолутно нема да личи ни на мене ни на Заев – рече таа.

Како министерка за одбрана таа зборуваше и за тоа што се случува во нејзиниот ресор за што меѓу другото, рече дека во изминатата година не успеале да ги заменат искинатите униформи.

– Минатата година немаше можност. Ние до последен момент се боревме да ги обезбедиме парите со ребаланс за плати. За оваа година планот за набавки е потпишан вчера и една од важните работи е набавка на униформи и чизми. Верувам дека ќе биде успешен процес зошто неколку пати пропаѓал – рече министерката за одбрана.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1169588449838024/