Во Кривичниот суд пристигнати 1.986 барања за амнестија

од desk2
58 прегледи

Во Кривичниот суд до денеска се пристигнати 1.986 барања поврзани со Законот за амнестија, со тоа што дел од барањата, како што посочуваат од Судот, може да се однесуваат на исто лице кое е осудено во повеќе предмети.

– Кривичните совети од одделот Кривично полнолетни и одделението за Организиран криминал и корупција, како што и претходно информиравме, работат постојано и сите донесени решенија веднаш се доставуаат до затворските установи, од каде се пристигнати, за понатамошно постапување, се наведува во соопштението од Судот.