Надал објави кога ќе се врати во игра

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Носителот на 16 Гренд слем титули и светски број 1, Рафаел Надал ги објави своите намери да биде во топ форма за сезоната на земја во 2018 година. Исто така матадорот сподели на спонзорски настан во Аликанте дека ќе учествува во главната шема на тенискиот турнир од сериите АТР500 во Акапулко, кој почнува на 26 февруари.

Како што е познато, Надал се откажа од финалниот АТП турнир во Лондон на крајот на минатата сезона по одигрувањето на само еден натпревар поради повреда на коленото, а на Австралија Опен 2018 се откажа во почетокот на петтиот сет во четвртфиналниот судир со Марин Чилиќ, поради проблеми во бутот. Шпанецот сам објасни дека станувало збор за „мало растегнување“, што сепак го спречило да ја продолжи играта.

„Повредата силно ги ограничи моите движења на теренот и едноставно неможев да продолжам, но не станува збор за нешто толку сериозно и застрашувачки. Заздравувањето оди по планот и се чувствувам се подобро и подобро. Сакам да играм во Акапулко и се чувствувам како во свои води таму. Потоа погледот е кон Индијан Велс и Мајами, но за мене најважно е да сум на врвно ниво за сезоната на земја“, објасни Надал пред медиумите.

Слични содржини