СДСМ: Владата ги зголеми платите на вработените во АРМ, ќе се набават и нови униформи за војниците

од desk2
83 прегледи

Министерството за одбрана започна со исплата на повисоките плати, зголемени за 10 отсто, на целокупниот персонал вработен во служба на Армијата на Република Македонија, соопштија од СДСМ.

„Со покачувањето на платите во Армијата, прво во последните неколку години, се потврдува заложбата на Владата да води грижа за животниот стандард на вработените во АРМ. Дополнително, покрај зголемувањето на платите, Министерството за оваа година планира и над 300 нови вработувања во АРМ, како и набавка на нови униформи за војниците. Јасно се покажува намерата на Владата предводена од СДСМ да инвестира во подобро опремена и подобро платена армија“, додаваат од партијата.