Батшуаи по силното деби: Секогаш сакам да се подобрувам

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Новата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Миши Батшуаи, не го криеше задоволството од силното деби за тимот.

Белгиецот постигна два гола за победата од 3:2 во Келн и им помогна на победниците да се искачат на второ место во табелата на Бундеслигата.

„Многу сум среќен од головите. Најважно е што освоивме трите бода. За двата дена, во кои тренирав со тимот, се обидов да се фокусирам на натпреварот. Излезе добро, но јас секогаш сакам да се подобрувам. Тоа беше мојот прв натпревар за Борусија и не беше лесно. Сакаме да победуваме на секој натпревар и да се искачиме што е можно повеќе“, рече Батшуаи.

Слични содржини