Спајс грлс повторно се собраа

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Британската група Спајс грлс ќе се соберат за заеднички проекти откако Викторија Бекам се согласи да им се придружи на другите пејачки на бендот, објавија британските медиуми. Надоместокот за секој од учесниците во групата ќе биде 10 милиони фунти.

Гери Халивел, Мел Си, Ема Бантон, Мел Би и Викторија Бекам ќе се соберат повторно 22 години по излегувањето на нивниот хит „Wannabe“. Во 2012 година групата се собра и пееше по специјален повод – затворање на Лондонската Олимпијада.

„Никој не мислеше дека таков собир некогаш би бил возможен. Но, по долги разговори, Викторија се согласи дека оваа година е време да работиме на нови проекти. Ова е неверојатно, со оглед на тоа што отсекогаш велела дека нема да се врати во групата“, изјави извор близок до групата.

Новите проекти вклучуваат ТВ емисија во Кина и потпишување на спонзорски договори.

Слични содржини