Фудбалерот на Баерн Минхен, Артуро Видал е идеална летна аквизиција во очите на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, пишува „Manchester Evening News“.
Како што е познато, „црвените ѓаволи“ бараат класа играч за следната сезона, бидејќи ветеранот Мајкл Карик речиси сигурно ќе стави крај на својата кариера.
Маруан Фелани станува слободен агент и веројатно нема да се разбере со раководството за нов договор. Значи, англискиот клуб има голема задача да ја зајакне својата средна линија со свежа крв.
Договорот на Видал со баварскиот гигант е до крајот на сезоната 2018/19, но во последниве недели гласините за разделба со него се засилија поради привлекувањето на Леон Горецка кој пристигнува на стадион „Алијанц Арена“ од Шалке во јули.
Се верува дека трансферот на Алексис Санчез на „Олд Трафорд“ е најголемиот адут на Мурињо, со кој тој ќе го убеди Артуро да премине во Јунајтед, каде конечно ќе заигра со сонародникот во ист тим. Досега, се веруваше дека најсериозен интерес за Видал беше од Челзи и од Интер.
Ако гигантот од Манчестер доживее неуспех Видал, речиси сигурно ќе се насочи кон халфот на Борусија Дортмунд Јулијан Вајгел, се вели уште во материјалот.