Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска изјави дека 100 дена Шилегов е еднакво на 100 дена лаги, неработење и партизација на адмнистрација и јавните претпријатија на град Скопје.

Според Колариќ, најголемата работа по која ќе се памети Шилегов во неговите први сто дена е обидот низ мала врата да донесе поскапување на цената на водата на Скопјани над 30 отсто. Во опозиција бараа 30 осто пониска цена на вода, но побрзаа во првите сто дена да се поскапи за над 30 осто. Под притисок на јавноста не поскапи водата. Знаејќи го него оваа серија најверојатно ќе има уште продолженија.
„Нема ништо и од најавите за зелено Скопје. Нема ниту еден зелен парк, или зелен корнер, ниту пак обнова на некој од постојните., нема ниту 1 метар квадратен зелена површина.250 000 засадени дрва од Трајановски, СДСМ не ги броеше а сега 615 садници и најавените 4000 на пролет ќе биле голема акција за зазеленување на градот. Да потсетиме, само минатата есен во Скопје од страна на Трајановски беа насадени 5000 садници. Најголемата генералка на Скопје, како што си ја нарекуваат е неуспешната акција за чистење на Скопје. По оваа акција, ниту Скопје е исчистено ниту пак има подобрување на хигиената. Скопје никогаш не бил толку нечист како овие 100 дена. Ова е само лоша копија добар проект за од изминатите 8години. За 100 дена Шилегов ги партизира јавните претпријатија и културните институции со 138 партиски војници во управни и надзорни одбори вклучувајќи го и целиот негов кабинет. Груба партизација се врши и во администарцијата со вработување на десетици партиски и шарени активисти. Ги вработи шарените револуцонери Никола Наумовски како шеф на кабинет и Влатко Васиљ како ПР“, додаде таа.