Спасовски: Подготвени сме за амандманите за ОТА

од desk2
70 прегледи

Успешни реформи на Законот за следење на комуникациите налагаат да бидат спроведени во транспрентен процес, со вклучување на сите субјекти од македонското општество. Тоа е исклучително важен процес за спречување на злупотреби на системот какви што се случуваа во минатото.

Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред медиумите после средбата со неговиот албански колега Фатмир Џафај.

Спасовски укажа на последиците од неконтролирано прислушување, притоа посочувајќи го примерот од изминатиот период кога 11 години наназад беше спроведувано масовно прислушување граѓани.

– Оваа Влада, Министерството на внатрешни работи и јас лично влеговме во реформите, се со цел формирање систем кој може да функционира и истовремено нема да биде злоупотребуван. Во насока на успешни реформи на системот, процесот се одвиваше во целосна транспрентност, со влучување на сите фактори во македонското општество, со многу разговори, расправи со заинтересинраните субјекти, стручната јавнос -, рече тој.

По однос идното законско решение што ќе го уредува начинот на следење на комуникациите, Спасовски ја нагласи подготвеноста на Владата за прифаќање на секој предлог што ќе придонесе за негово подобрување.

– Ние сме подготвени на амандмани по предложеното решение, тоа е демократија за која сите се боревме. Како МВР со внимание ќе пристапиме кон секој од нив и доколку не претставува нарушување на предвидениот концепт за јакнење на реформскиот процес, секој таков амандман може да биде дел од законските решенија – рече тој.