
Неколку часа по појавата на информациите за соборен руски воен авион во Сирија, од Министерството за одбрана во Москва ги потврдија медиумските пораки и прецизираа дека пилотот на авионот загинал во борба со “терористите”. ”
На 3 февруари 2018 година, руски авион се урна за време на лет во зоната на деескалација во провинцијата Идлиб. Пилотот успеал да се катапултирања во областа контролирана од терористите на Џебхат ал Нуса.
„о борба со терористите пилотот загинал “, појаснија од военото министерство во Москва, додавајќи дека “авионот е соборен со пренослив ракетен систем “.
Назначено е дека Рускиот центар за примирје, заедно со турската страна одговорна за зоната на разграничување “Идлиб”, преземаат мерки за враќање на телото на убиениот пилот.
Претходно во медиумите, беа лиферувани информации дека авионот е соборен со ракета од страна на опозициските сили кои се борат против режимот во Дамаск. Податоците за судбината на пилотот беа контроверзни.
Два извори од силите на опозицијата во Дамаск тврдат дека пилотот на рускиот авион е сериозно повреден. Тој го избегнал паѓањето на авионот и успеал да слета со падобран. Потоа бил фатен.
Трет извор изјавил дека пилотот бил убиен. Рускиотт Су-25 бил соборен со ракета во близина на главната магистрала, која била подложена на жесток воздушен напад во комбинација со обидите на владините сили да напредуваат во оваа област.