Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на две возила што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската наслеба Кисела Вода.
Како што изјавија од МВР, сообраќајката се случила во 17:50 часот помеѓу возила „ауди“ и „сеат“, двете со скопски регистарски таблички.
– Во сообраќајната несреќа биле повредени четири лица коишто биле пренесени во Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, наведуваат од МВР.
Увидот на местото на сообраќајната несреќа е се уште во тек.