СДСМ: Агенцијата „Фич“ ја потврди успешноста на реформите

од desk2
70 прегледи

Промената на изгледот на Македонија од негативен во позитивен од страна на меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Фич“, е потврда дека реформите на Владата, финансиската и економска стабилизација, како и економските мерки носат позитивни резултати, се вели во соопштението на СДСМ.

Од таму додаваат дека „на подобрувањето на изгледот влијаеше политичката стабилизација, подобрувањто на меѓународната позиција на земјава, напредокот на реформите од „планот 3-6-9“, резултатот на локалните избори како потврда на дадениот мандат на граѓаните за реформи.“

„На потврдата на рејтингот ББ влијаеја одржувањето на ниска инфлација, како и обезбедената финансиска стабилност преку соодветна финансиска политика. Владата предводена од СДСМ продолжува да работи одговорно, спроведувајќи мерки што се во интерес на граѓаните и кои што обезбедуваат придвижување на економијата, подобар животен стандард, економски раст, повисоки плати и отворање нови работни места“, се додава во соопштението.