По 5 години пауза, Емека Окафор се враќа во НБА

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Центарот Емека Окафор, кој во 2005 година ја освои наградата за „Дебитант на годината“, се враќа во НБА по речиси 5-годишна пауза, откако потпиша 10-дневен договор со тимот на Њу Орлънс Пеликанс.

За последен пат, 35-годишниот Окафор играше во Лигата во 2013 година, кога беше дел од тимот на Вашингтон Визардс. Потоа тој беше префрлен во тимот на Феникс Санс, но така и не забележа учество за тимот од државата Аризона поради серија тешки повреди, кои не му дозволија да игра до 2017 година.

Во летото минатата година Окафор најави дека планира враќање во НБА и досега играше за тимот на Делавер 87-ерс во Лигата за развој, позната неодамна како Г-Лига.

Помеѓу 2009 и 2012 година, Окафор игра за тимот на Њу Орлеанс, откако запиша вкупно 187 дуели.

Слични содржини