Стандардот на граѓаните е загрозен и владата демонстрира неспособност со справување на економските предизвици. Нема никакви странски ниту поголеми домашни инвестиции, а економскиот развој целосно стагнира, што негативно се одразува врз економската моќ на граѓаните која е во надолен тренд.

Ова го посочил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска заедно со потпретседателот на партијата Владо Мисајловски генералниот секретар Игор Јанушев одржа состанок со претседателите на општинските комитети.
„На состанокот беше посочено дека очекувањата на граѓаните се изневерени и дека постојат сериозни предизвици во повеќе сфери и области, вклучително и здравството, образованието, земјоделието. Политичкиот прогон продолжува, а партискиот реваншизам по институциите станува основно средство за дејствување на власта. Беше истакнато дека државата бележи застој и во реформските чекори врзани за евроатланските интеграции во клучните области: судството, борбата против корупцијата, медиумската свера, екононскиот сектор“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.