Куман ја презема Холандија

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Легендата на Барселона, Роналд Куман ќе биде новиот селектор на Холандија, тврди „De Telegraaf“. Според холандското издание поранешниот менаџер на Евертон ќе ги преземе официјално „лалињата“ следната недела.

Трикратните финалисти на Светскиот куп не успеаја да се квалификуваат за последните два големи фудбалски натпреварувања.

54-годишниот Куман беше ослободен од функцијата менаџер на Евертон во октомври 2017 година, откако „карамелите“ ја почнаа неочекувано слабо сезоната и загубија со 2:5 од Арсенал, што ги испрати во зоната за испаѓање. Во моментов тимот од Ливерпул е 10-ти во Премиер Лигата.

Роналд Куман има 78 натпревари за репрезентацијата на Холандија, а во неговата тренерска кариера бил на чело уште на Витесе, Ајакс, Бенфика, ПСВ, Валенсија, АЗ Алкмар, Феенерод и Саутемптон.

Слични содржини