Вардарки „растурија“ на гостувањето кај Битигхајм

од Vladimir Zorba
196 прегледи

ЖРК Вардар запиша нова победа во Лигата на шампионите, откако остварија триумф со 38-26 (16-14) на гостувањето кај германски Битигхајм.

За македонските шампионки ова е вкупно осма победа сезонава, втора во натпреварите од главната фаза во ЛШ со која и теоретски веќе обезбедуваат пласман во четвртфиналето на натпреварувањето. Сега ќе им требаат уште најмалку две победи за да бидат први на табелата и со тоа да добијат послаб противник во елиминациската рунда пред Ф4.

Најефикасни во победата на вардарки беа Андреа Пенезиќ со осум и Драгана Цвијиќ со 7 гола. Амандин Лејно на голот собра 12 интервенции

Следен меч за Вардар ќе биде дуелот со Будуќност дома на 10 февруари.

Слични содржини