121
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критикуваше судијата по ремито 2: 2 со Тотенхем на „Енфилд“, деул од 26-тото коло на Премиер лигата.
Според Германецот, судиите влијаеле на резултатот.
„И двата тима ја бараа победата, но на резултатот се одразија одлуките на страничниот судија. Треба да се помириме со тоа. При првиот пенал имаше чист офсајд пред прекршокот. При вториот пенал Ван Дајк го допре Ламела, кој бараше тоа допир“, изјави Клоп по мечот.
„Во првата половина имаше сериозни прекршоци, но судиите ги игнорираа. Судијата сакаше да биде во центарот на вниманието и му се исполни желбата. Нивото на Тотенхем е многу високо и затоа не можевме да го контролираме натпреварот во сите 90 минути“, рече Клоп.