Магла кај Делчево и Смојмирово, видливоста од 30 до 50 метри

од Vladimir Zorba
77 прегледи

  Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост од 30 до 50 метри поради магла има во Делчево и Смојмирово, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, која трае до 15-ти следниот месец