(ВИДЕО) Kajли Џенер роди девојче и објави видео од целата бременост

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Кланот Kardashian се здоби со уште еден нов член бидејќи Кајли Џенер стана мајка. Таа роди девојче на 1-ви февруари.

Бременоста на риалити ѕвездата мина без поголеми фалби, иако таа е дел од познатата фамилија која заработува пари со живот на екранот. Во посебен пост во Instagram таа се извини на своите милиони обожаватели дека ги поштедила од детали и вести во последните девет месеци, кои се поврзани со бременоста.

За да надокнади сепак, ѕвездата објави видео во кое прави рекапитулација на целата нејзина бременост. Истото можете да го видите во продолжение.

За 20-годишниот модел и петгодишниот постар рапер Тревис Скот, ова е првото дете. Тие се заедно од минатата пролет.