Да се пишува за случувањата во Реал Мадрид е тешко. Никој не знае, никој не кажува со точност причината поради која еден тим кој освоил сѐ (само Купот на кралот му се измолкна во последната година), талка како душа која потонала во болка, во очекување на последната пресуда во фаталната Ноќ на вљубените. Нема никаков одговор настрана од оние во светот на фантазиите, во кој се чини дека се е вселил Зинедин Зидан.
Французинот повторно јасно даде до знаење кои ќе бидат стартните 11 против ПСЖ на 4 февруари, освен ако не дојде до некоја повреда. Не чекајте изненадувања! Тие го направија Мадрид шампион, а Зидан ќе ја потроши преку нив последната мел топка за спас на сезоната. Зашто, како што покажа судбината на последните тренери на „белите“, неосвојувањето на Ла Лига, Купот или ЛШ се смета за непростлив неуспех.
Тренерот верува во вообичаените осомничени, кои изгледаат го завршиле курсот. Не се знае дали поради физички, душевни или фудбалски проблеми, дали само поради недостаток на желба да го испотат дресот.
Ако Барселона победеше во неделата, „лос меренгес“ ќе беа на 21 поени зад вечниот ривал (еднаш беа на 21 зад Атлетико Мадрид) – нешто крајно болно за секој кој се смета за вистински мадридист, кој против Леванте виде како сѐ се враќа во нормална состојба од оваа сезона: неточности, грешки во одбраната, недостаток на интензитет и нова пречка, и тоа токму против тимот кој прв ги покажа недостатоците на овој Мадрид во сезоната.
Кога човек зборува со играчи, тренери и менаџери на клубот, никој не знае со точност да каже што се случи со еден тим кој се докажа на височините на најдобрите во светот, а одеднаш снема сила, ниту игра, ниту фокус. Само погледнете во Ла Лига!
Да, титулата е веќе изгубена, колку и Зидан да се обидува да ги натера фановите да го гледаат спротивното. Проблемот е дека остануваат 17 натпревари, а сите тие се дефинираат како вистинска агонија. И најлошото е што по се изгледа дека момчињата на Зизу се исцедени до капка десетина дена пред посетата на Нејмар, Мбапе, Верати и Кавани.
Стравот се сместил на „Бернабеу“ и сигурно, со полно право. Изгледа, предвид тажното претставување на доста од „белите“ фудбалери, дека на Чамартин веќе размислуваат за летото. Само да не се случи „паѓање на тврод“ во преостанатото време од зимата и пролетта …
Хозе Феликс Дијаз, „Марка“