Државниот архив ќе се сели во нова зграда, но засега не се знае во која.

Поплавувањето кое се случува при секој пообилен дожд е причината поради која оваа институција нема да продолжи да функционира во состав на Археолошкиот музеј вреден 42 милиони евра на кејот на Вардар, изграден како дел од проектот „Скопје 2014“.
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски најави дека веќе се бара просторно решение за Архивот и обвини за нестручност при изведбата на новата зграда. Прокиснувањето ги загрозувала и документите кои ги чува државниот архив.