Од што стравуваат мажите на првиот состанок?

од desk2
121 прегледи

И мажите имаат стравови кога се впуштаат во нов љубовен однос, пишува Cosmo.

Еве ги трите најголеми:

1. Може да го одбиете
На првиот состанок момчето се обидува да ги прочита знаците кои зборуваат дали ќе го одбиете. Затоа, ако сакате да го уверите дека сте доволно заинтересирани повремено да се гледате, упатете му еден заводлив поглед или нажно допирајте ја неговата рака додека зборувате.

2. Не е доволно добар за вас

Мажите вообичаено се плашат од успешни жени. Затоа покажете им дека сте потполно рамноправни. Но, никогаш немојте да го удрите по егото – тоа нема да ви го прости.

3. Тој е само еден во низата
Ако фрлил око на вас, знае дека не е единствен. Бидејќи мажите се натпреварувачки настроени, и самата помисла дека постојат други типови во вашиот живот го излудува. Совет: Немојте да му велите дека сте само негова, туку опуштете го распрашувајќи се за неговиот живот.