Нов антирекорд на Челзи, невиден од 1995 година

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Шампионот на Англија, Челзи по синоќешниот пораз со 1:4 од Ватфорд, запиша нов антирекорд, покажува статистиката.

„Сините“ запишаа два сензационални порази од скромни ривали, откако пред неколку дена беа победени среде „Стемфорд бриџ“ од Борнемут со 3:0.

Така за прв пат од октомври 1995 година наваму тимот од Лондон запишуваат две последователни шампионатни порази со најмалку три гола разлика. Тимот тогаш загуби со 1:4 последователно од Манчестер Јунајтед и 0:3 од Блекбурн.

Црвениот картон на Тимуе Бакајоко синоќа пак беше седми за Челзи во сезоната. Интересно е дека во англискиот фудбал само Гримсби Таун добил повеќе црвени картони во сите натпреварувања – 8.

Слични содржини