Мурињо не го сака синот на Клајверт

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо нема да купува нов напаѓач во летниот трансфер прозорец, тврди весникот „Мирор“.

Според изданието, Португалецот конечно е задоволен од офанзивната моќ на „црвените ѓаволи“, кои се засилија со поранешниот ас на Арсенал, Алексис Санчез минатиот месец.

„Ние имаме доста „деветки“. Ги имаме Алексис, Лукаку, Марсиал и Рашфорд“, изјави неодамна 55-годишниот специјалист.

Неодамна, сепак се појавија гласини дека на инсистирање на Мурињо клубот почнал преговори со Ајакс за синот на Патрик Клајверт – Џастин.

Слични содржини