Делови од Центар и Чаир утре без струја

од desk2
207 прегледи

Без електрична енергија утре од 8:30 до 14 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Васил Ѓоргов“, кај Цветниот пазар.

Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Самоилова“, од теќето до џамијата и населбата Дуќанџик, општина Чаир.

Од РЦУК-Скопје информираат дека прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.