Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас? Зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на тој договор? Што се крие од македонската јавност, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во земјава владее целосен молк по овие прашања кои се погласно се поставуваат. Власта избегнува одговори и секојдневно се прави дефокус со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори.
Демократијата и владеењето на правото се деградирани во Македонија под власта на СДСМ.
Десетици луѓе се притворени без основ и врз нив се врши политички терор, само затоа што имаат спротивен политички став од Зоран Заев.
Правосудните органи не одлучуваат по закон и се кршат правата на притворените. Слободите и правата на луѓето се загрозени. Владеењето на правото е нарушено, ова го констатираше и Комесарот за човекови права на Советот на Европа.
Правосудните органи имаа единствена можност да ја вратат довербата на граѓаните во правната држава. Правосудните органи мора да се издигнат на притисоците и да одлучуваат единствено врз база на закон, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.