Хајнкес има фаворит во дербито Реал – ПСЖ

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Реал Мадрид страда на домашна сцена, па затоа многу од специјалистите и навивачите сметаат дека тимот нема големи шанси во судирите со ПСЖ во Лигата на Шампионите. Сепак, поранешниот ментор на „Лос Меренгес“, Јуп Хајнкес, е на спротивно мислење.

„Не можете да го отпишете Реал. „Белите“ иммаат многу искусен состав и верувам дека ќе го елиминираат ПСЖ“, изјави актуелниот тренер на Баерн Минхен пред Goal.com.

Германскиот специјалист го донесе тимот на Мадрид на европскиот врв во 1998 година.

„Потоа завршивме четврти во шампионатот во Шпанија“, продолжи Хајнкес. „Од искуство знам дека Реал не може да се потцени. Нормално е сега екипата да има пад во настапите, бидејќи ја освои ЛШ во две последователни години, а освен тоа, ја зеде титулата и во Ла Лига. Од тимот си заминаа тројца важни фудбалери во лицето на Пепе, Хамес Родригез и Алваро Мората – можеби за да заштедат плати – а во исто време не беа фрлени пари за нови скапи играчи, туку се обложија на млади“, објасни тренерот на баварците.

Слични содржини